(ФОТО) ДЕЛУВАЛЕ КАКО ОБИЧНО СЕМЕЈСТВО ДОДЕКА НЕ ГИ ПОСЕТИЛЕ ОД ФБИ: Тогаш биле откриени мрачните тајни на семејството!

Рацијата била извршена во холивудски стил, наоружани агенти упаднале во просторијата и ги обвиниле за илегален транспорт за забранет материјал…

На прв поглед Катен и Бери Мејсон имале живот на кој сите му се восхитувале и бил за почитување.
Карен работела како новинар во познатите весници во Чикаго и Синсинати, а Бери бил инженер за специјални ефекти во филмската индустрија, помеѓу другото работел на серијата „Ѕвездени патеки“ и филмот „Одисеј во вселената 2011“.
Се запознале на еврејска забава за самци, а нивните три деца редовно оделе на саботна служба во синагога.
Кога семејството на средината на 70-те паднале во финансиска криза, Карен видела оглас во Лос Анџелес Тајмс – барале некој за дистрибуција на порнографски списанија како „Hastler“. Па така тие влегле во индустријата за возрасни.На крајот се докажало дека имаат смисла за бизнис. За само неколку недели примиле 5.000 нарачки. Патувале по Лос Ангелес и испорачувале роба.
Иако „Huster“ било стрејт порнографско списание, Флинт набрзо презел некои пропаднати геј публикации па и тие станале дел од портфолиото на семејството Мејсон.



Неколку години подоцна, кога сопственикот на најпознатата книжара „Book Circus” во Вест Холивуд западнал во тешкотии, семејството Мејсон ја презело во 1982. година. Бери и Карен го промениле името во „Circus of Books”. Тоа било повеќе од продавница – истовремено било и скривалиште и собиралиште на хомосексуалците од Лос Ангелес.

Децата Михеј, Рејчел и Џош добиле точни упатства: Кога оделе во продавницата, не смееле да ги чепкаат и да ги гледаат производите или пак списанијата за возрасни. Исто така ги научиле никогаш да не им зборуваат на другарите како се вика продавницата. Сепак нивниот план не успеал затоа што децата подоцна од другарите дознале со што се занимаваат нивните родители.
Тие почнале и самите да снимаат геј филмови за возрасни со актерот Џефри Страјкер. Меѓутоа и понатаму продолжиле со дистрибуција на порнографијата.


Претседателот Роналд Реган му наредил на генералниот тужител Едвин Миз да покрене истрага во индустријата за возрасни, а резултатот бил „Извештајот на Мизо“ од 1986. година.


Некое време подоцна, дистрибутерите продавале материјали само на луѓето кои ги познавале, но се случило некој од вработените да направи грешка, примил нарачка за „Video club Dzo“ позади кој всушност стоело ФБИ.

Рацијата била извршена во холивудски стил, наоружани агенти упаднале во просторијата и ги обвиниле за илегален транспорт за забранет материјал.
На Бери му се заканувала затворска казна од пет години и голема парична казна, но адвокатот успешно го одбранил така што не заминал во затвор, а продавницата и понатаму работела.Без оглед на долгогодишната поврзаност на семејството Мејсон со геј заедницата во Лос Ангелес во куќата никогаш не се зборувало за сексуалност.
Меѓутоа, нивната ќерка Рејчел кришум почнала да живее развратен живот.
„Посетував геј клубови, имав малолетничка лична карта така што можев да влезам таму и бев воодушевена од тоа“, вели таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тајната вила на Тито била најскапата претседателска резиденција, но од таа раскош не останало многу…

Некогаш била најскапа претседателска резиденција а денес пропаѓа. Од раскошно уредената тајна вила останале урнатини …