(ФОТО) Дејвид Бекам,на срфање со децата,  го покажал вајаното тело 


Бекам своите четири деца ги однел на плажа, а неговата сопруга Викторија не им се придружила. За Дејвид често се зборува дека оди на третмани за подмладување, но сето тоа го негирал…
Бившиот фудбалер Дејвид Бекам (42) на плажата во Малибу не се одвојувал од ќерката Харпер (6). Миленичката на семејството ја однел на срфање, а друштво им правеле и синовите Бруклин (18), Ромео (15) и Круз (12).
Бекам го покажал своето вајано тело полно со тетоважи и докажал дека сеуште е во форма. Иако неодамна се шушкало дека оди на третмани за подмлдување тоа го негирал.
„Не користам ботокс, но тоа ќе го сфатам како комплимент“ рекол Дејвид. Со дизајнерката Викторија Бекам во брак е од 1999., а во јули се нагаѓало дека се пред развод поради наводни неверства.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бен Афлек открива дека неговите деца имаат класични тинејџерски работи: „Постарото дете работи во продавница“

Бен Афлек ги споделува своите размислувања за одбивањето да купи патики од 6.000 долари на …