(ВИДЕО) Плус сајз хотел на Бахамите: Гостите мораат да имаат барем 120. килограми

Во одморалиште на Бахамите се снима емисија посветена на дебелите луѓе, а кандидатите искрено зборуваат за се’ што ги мачи. Така Алис од Нотингам одбегнува одење во продавница, додека Дејн од Шефилд ја откажал венчавката…
Единствен светски хотел за плус сајз лица ги угостил своите први гости. Одморалиштето на бахамскиот остров Елутер е осмислено за сите оние кои се „чуствуват непријатно“ во вообичените одморалишта,а во него ќе се снима и ТВ емисијата „Club 18 to 30 Stone“, во превод за оние помеѓу 110. и 190. килограми.
Сите гости се потешки од 120. килограи, а нивната тежина ги натерала да ги замразат летните одмори и да уживаат во морските радости.
Сега емисијата ги следи во еднонеделниот одмор на Бахамите каде ја градат самодовербата и уживаат во активностите како спуштање низ тобоган, што досега го одбегнувале.
Уреденото летовалиште има лежалки кои можат да поднесат тежина од 250. килограми, додека креветите биле зајакнати со челични шипки за да во текот на ноќта не дојде до можно уривање.


Daily Mail детално ги претставил кандидатите, а емисијата се емитува на телевизиската станица ITV во вторник во 21 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …