Реакциите на татковците за избраниците на нивните ќерки понекогаш се многу чудни. Од несогласување со изборот, до наметнување на своја одлука. Но, она што го избрал Ајхн Узин од Турција е најдрастично од се…
Очаен татко кој се противел неговата ќерка да се омажи без негова дозвола, извршил самоубиство и се се пренесувало во живо на Фејсбук, додека оние кои гледале на сите начини се обидувале да го разубедат.
54. годишниот Ајхан Узин од градот Кајзери во централна Турција, говорел директно во камера за во еден момент да го притисне чкрапалото и падне.
„Збогум, ве оставам и чувајте се, е последната порака која тој ја упатил до најблиските“.
Нешто порано како причина за самоубиството го навел тоа дека неговата ќерка се верила без негова дозвола. Исто така, не сакал ќерката да му биде на погребот.
