Наместо тоа, таа го критикува Асошиетед прес
„Бев навредена што новинарите кои ги објавија моите фотографии на социјалните мрежи не интервјуираа други бремени жени кои можеа да потврдат дека овој напад навистина се случил“, рекла таа.
Таа сугерира дека ова може да помогне да се објасни зошто некои луѓе добиле впечаток дека сето тоа е изведено.
Но, според нејзината сопствена изјава, таа била една од последните пациентки кои биле евакуирани, а потоа пристигнале новинарите на АП. Новинарите интервјуирале други луѓе на местото на настанот. И тие немале никаква врска со лажната приказна што ја шират руските функционери.
Потрага по Маријана
Во деновите по нападот, Маријана ја родила Вероника во друга болница.
Како и илјадници други, Маријана и Јури очајнички се обидувале да побегнат од Мариупол. Со недели не се знаело каде се, а потоа новинар на Би-Би-Си дознал дека се во Донбас.
Маријана таму разговарала со блогер преку кој и Би-Би-Си дошол до интервју со неа. Русите го искористиле интервјуто со блогерката за дополнително да шират невистини. Имено, таа рекла дека не го слушнала звукот типичен за ракети истрелани од авиони, со кои Русите тврдеа дека Украинците всушност ја нападнале болницата, понатаму тврдејќи дека не се работи за болница, туку дека таму се стационирани украински војници.
Но, АП објави докази дека се работи за воздушен напад, а Маријана исто така тврдела дека таа, заедно со други жени, била таму на преглед.
„Не видов со свои очи од каде дојде нападот“, изјавила Маријана.
Маријана била обвинета дека е актерка дури и од некои што ги сметала за пријатели. Руската блогерка за убавина продолжува да тврди дека Маријана одглумила се’ во договор со украинската армија за да можат за се да ја обвинат Русија.
„Срамота е кога луѓето што ги познавам веруваат во нешто што не сум го направила“, вели Маријана, која се вратила на блогирањето и неодамна им порачала на читателите да ја следат ако се заинтересирани за козметика, пелени и секојдневниот живот на новата мајка.
Нејзината порака до оние кои и испраќаат пораки со омраза е „одете во мир“.
„Знаете, засега не размислувам за моите надежи и не правам какви било планови, бидејќи не знаеме што ќе донесе утре“, заклучува Маријана во интервју за Би-Би-Си.
Извор: index.hr