А1 Македонија со едукативен настан по повод Светскиот ден на телекомуникациите

А1 Македонијаго одбележува 17 Мај, Светскиот ден на телекомуникациите, кој оваа година Меѓународната телекомуникациска заедница го одбележува под мотото“Дигитални технологии и здраво стареење на возрасните лица”.
Придружувајќи се кон овој светски тренд, А1 Македонијаги отвори вратитезавозрасните лица и ги стави на располагање своите волонтери-експерти кои на едноставен начин ги внесоа во дигиталниот свет, потенцирајќи ја важноста од дигиталната трансформација и користењето на дигиталните алатки кои овозможуваат нивна меѓусебна поврзаност и независност олеснувајќи го нивното секојдневие.
“Како општествено-одговорна компанија но и како компанија двигател на дигитализацијата во земјава, наша одговорност е да ги едуцираме не само младите туку и повозрасните какобезбедно даја користат светската мрежаи како од истата да исползуваат придобивки во секојдневието” –изјави Елена Димовска, Раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

This image has an empty alt attribute; its file name is 01.jpg
“Навистина ни е драго што нашите членови беа дел од овој настан. Добија многу корисни совети кои ќе им помогнат во нивното интернет секојдневие, како да бидат информирани, како да комуницираат со своите најблиски но и како безбедно да користат онлајн услуги, притоа внимавајќи на своите лични податоци. Благодарност до А1 Македонија која покажува дека не заборава на возрасните и секогаш знае што е во моментот актуелно и што нам ни е потребно”, – изјави Претседателката на Сојузот на пензионери на Македонија, г-ѓа Станка Трајкова.
Под мотото “За подобар свет” во рамки на програмата ESG (environmental,social and corporate governance), А1 Македонија целосно е посветена кон развој и реализација на општествено-одговорни проекти во областа на животната средина, дигиталната писменост и корпоративно управување.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy Z Fold6: Совршена симбиоза со Galaxy Watch Ultra и Buds3 Pro

  Ако некогаш сте посакале светот на технологијата да се впие во вашите секојдневни активности …