ИЗЛОЖБА НА КУЧИЊА – ЈП Лајка во соработка со Кинолошки сојуз на РМ

ЈП Лајка во соработка со Кинолошкиот сојуз на Р.М организира ИЗЛОЖБА НА КУЧИЊА оваа недела на 22.05.2022 во Хотел Белви од 10:00 часот.

Идејата на овој настан е да им се даде еднаква можност и привилегија на сите кучиња кои не се расни, да учествуваат на една професионална изложба каде сопствениците ќе може гордо да ги презентираат своите миленици, истакнувајќи ги нивните позитивни карактерни особини и таленти.


Ќе има различни фан категории во кои секој сопственик може да го пријави своето куче: најубаво стилизирано куче, најигриво, куче што личи на својот сопственик, омилено куче на судиите, најубава женка, најубав мажјак, најубаво куче во спортски дрес…итн.

Настанот ќе биде од забавно-едукативен карактер и ќе има за цел промовирање на кампањата за вдомување на бездомни кучиња.


На оваа изложба може да се пријават сите граѓани кои имаат домашен миленик мешавина од различни раси, а воедно ќе бидат поканети сите оние кои досега вдомиле куче од прифатилиштето на ЈП Лајка.

Доколку сакате да земете учество задолжително е да ја пополните следната апликација
https://docs.google.com/…/1U20bhgiXWzquVM9V6R…/edit


Во самата апликација ги имате наведено сите фан категории. Секој сопственик може да аплицира со своето куче во повеќе категории истовремено.

*** Пријавувањето е отворено до 20.05.2022 година, 16:00часот ***

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 21.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Денеска Овенот главно ќе се занимава со документација со акцент на довршување на …