(ФОТО) Бремената жена од фотографијата која го обиколи светот: „Сликата е искористена за ширење лаги за војната!“

СЛИКА од бремена жена која бега од бомбардирано породилиште во Мариупол го обиколи светот и стана една од најпознатите слики од војната во Украина. Цел свет ја виде трудницата завиткана во крваво ќебе. Токму по рускиот напад на болницата, сликата кружеше на социјалните мрежи, а беше прикажана и во Советот за безбедност на ОН.
Маријана Вишемирски имаше среќа да преживее.
За жал, таа потоа стана цел на дезинформативна руска кампања, што доведе до омраза од двете страни, и’ украинската и руската.
Имено, како што потсетува Би-Би-Си, Русите ја обвинија дека глуми, тврдејќи по нападот дека глумела дури две различни жени.
„Ми се заканија дека ќе дојдат и ќе ме најдат, ќе ме убијат и ќе ми го исечат детето на парчиња“, рекла Маријана во долгото интервју за Би-Би-Си, прво за еден западен медиум, во кое открила и детали за мачното бегство и на интернет злоупотребата.
„Маријана изгледа опуштено и нормално разговара со мене, иако е просепаратистичка блогерка. Таа е во делот на Донбас кој е под контрола на руските сепаратисти“, пишува новинар на Би-Би-Си кој разговарал со Маријана. Блогерката ја поддржува Русија и цело време седи со неа за време на интервју за Би-Би-Си, но не ја прекинува.

„Работите одеднаш се свртеа наопаку“
Животот во Мариупол пред војната беше сосема поинаков. Маријана промовирала козметика на социјалните мрежи, додека нејзиниот сопруг Јури работеше во фабриката за челик „Азовстал“.
„Имавме тивок и едноставен живот“, вели таа, „а потоа, се разбира, работите се свртеа наопаку“.



Напад на болницата
На 9. март, таа била во болничкиот оддел и разговарала со други жени кога болницата ја потресе експлозија.
Таа го повлекла ќебето преку глава. Следела уште една експлозија.
„Се слушаше како се лета наоколу, шрапнели и други работи. Звукот ми одекнуваше во ушите многу долго“, вели Маријана, додавајќи дека сите цивили се засолниле во подрумот.

This image has an empty alt attribute; its file name is trudnica-od-mariuopol-instagram.jpg
Маријана во нападот се здобила со расекотина на челото и во кожата и се заглавиле парчиња стакло, но докторот и рекол дека не и требаат конци.
Она што и требаше, објаснува таа, е да ги извлече работите што ги подготвила за бебето од урнатините на болницата. Таа побарала полицаец да и помогне да се врати внатре.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …