(ФОТО) Блејк Лавли блеснала на првиот црвен тепих после породувањето

Глумицата го украла шоуто на премиерата на својот нов филм “The Rhythm Section“.
Иако, пред само половина година, го родила третото дете, Блејк Лавли ја вратила својата беспрекорна фигура која ја истакнала со црн кадифен фустан со „сирена крој“. Станува збор за креација со потпис на дизајнерскиот двоец Dolce&Gabbana, која ја дополнила со спектакуларен накит на Lorraine Schwartz и заводливи чизми со црвена потпетица, односно со потписот на Christian Louboutin.


На стајлингот му дала и доза на драма со високите кожни ракавици со кои покажала дека одважниот, рокерски стил и елеганцијата и тоа како се поврзани.
Мејкапот и фризурата Блејк сепак ги задржала во елегантен спектар па така се одлучила за шминка во природни тонови и опуштена пунџа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Од денеска, 20-ти мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски …