(ФОТО) Бен Афлек го допрел дното: Поранешната жена го убедила за одвикнување

БЕН АФЛЕК по трет пат завршил на одвикнување од алкохолот, откако неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер приредил интервенција, објавија американските медиуми.

Џенифер и уште една жена биле снимени при пристигнувањето во вилата на Афлек во Калифорнија, а потоа, според ТМЗ, Бен одлучил да го прифати предлогот на поранешната сопруга дека му е потребна помош и се одвезол директно во центарот за лекување.
Оскаровецот со години се бори со зависноста од алкохол. Деновите пред интервенцијата, на интернет се појавија фотографии на кои се гледаа големи кутии со алкохол, вклучувајќи виски и пиво, доставени на негова адреса. Ова, наводно, ја пролеало чашата кај Џенифер, која решила да му помогне.


По прекинувањето со ѕвездата на Saturday Night Live, Линдзи Шокус, Бен се спојувал со 22.годишниот Playboy модел Шона Секстон, со која бил неколку пати снимен.
Минатиот март Бен откри дека по Оскарот се пријавил за рехабилитација а во искрена објава на Фејсбук признал колку е тешка оваа борба и напоменал дека не сака неговите пријатели да мислат дека има нешто лошо во барањето помош.
Ѕвездата на „Бетмен“ на одвикнување од алкохол бил и во 2001. година, на клиниката во Малибу.
Бен и Џенифер, кои имаат три деца, Самуел, Виолет и Серафина, го објавија своето прекинување во јуни 2015. година, а актерката побарала развод во април 2017. година, но тоа сé уште не е финализирано.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …