(ФОТО) Крај на „Биг Бенг теорија“: Продуцентите најавиле големо финале!

„Ние сме крајно благодарни за успехот на шоуто и нашата цел е да создадеме финална сезона и епизода која ќе и даде креативен крај на ’Биг Бенг теорија’“, стои во соопштението од Ворнер Брос.
Популарната телевизиска серија “Биг Бенг теорија” е близу до својот крај. Серијата ќе заврши со 279-тата епизода, или последната епизода од 12-тата сезона. Последната сезона ќе започне да се емитува на 24. септември оваа година.
„Засекогаш сме благодарни на нашите фанови за нивната поддршка во изминатите 12. сезони. Заедно со актерите, сценаристите и целиот тим, ние сме крајно благодарни за успехот на шоуто и нашата цел е да ја создадеме последната сезона и епизода што ќе и даде креативен крај на Биг Бенг теорија“, велат од Ворнер Брос, телевизијата, Чак Лор Продукција и CBS.


Серијата е една од најпопуларните во Америка, но исто така и во светот. Тимот на „Биг Бенг“ исто така се најде во Гинисовата книга на рекорди.
Имено, 11-тата епизода од деветтата сезона, насловена како “Ноќно возбудување”, привлече најголем број гледачи во живо во историјата на телевизијата, според податоците на Гинис.
Ова е епизода која гледачите со нетрпение ја чекале, во која Шелдон и Ејми конечно ја конзумирале својата врска. Дури 24. милиони луѓе ја следело оваа епизода.


Ѕвездите на серијата Џим Парсонс, Џони Галечки, Кели Куоко, Симон Хелберг и Кунал Најар заработуваа по еден милион долари, од осмата сезона, за секоја епизода.


Серијата беше номинирана за вкупно 52. Еми награди, а освоила десет. Во текот на изминатите неколку години, имаше континуирани шпекулации за големото финале на серијата, а продуцентите конечно се согласија со шпекулации и го потврдија датумот кога на Шелдон и на тимот ќе му кажеме “збогум”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …