(ФОТО) 92. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОСКАРИ: Битка помеѓу „Џокер“, „1917“ и „Беше еднаш во Холивуд“

Шест номинации има јужнокорејскиот филм „Паразит“, на режисерот Бонг Џу-Хо.


„Ирецот“ (Irishman) може на Мартин Скорсезе да му донесе уште една статуетка за најдобар режисер, откако во 2007 година ја доби за режијата на филмот „Покоен“. Ова е воедно девета номинација на Скорсезе во категоријата најдобар режисер.



Кога станува збор за единечните награди речиси е извесно дека Рене Залвегер и Хоакин Финикс ќе ја добијат наградата за најдобра актерка, односно актер.


Доколку Финикс го освои Оскарот за најдобра машка улога, тоа ќе биде вторпат ликот на „Џокер“ некому да му го донесе ова актерско признание, по Хит Леџер во 2009 година.



Благодарение на улогата на каскадерот во филмот „Беше еднаш во…. Холивуд“, Бред Пит е главен фаворит за најдобра машка споредна улога, додека кај жените тоа е Лора Дерн за нејзината улога на адвокатка за бракоразводни парници во филмот „Брачна приказна“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …