(ВИДЕО) ЉУБОВ ПОСИЛНА ОД СЕ’: Церемонија без младенци поради страв од коронавирус!

Коронавирусот директно влијаел и на свадбената свеченост на еден пар од Сингапур кои не сакале да ја одложуваат венчавката но им излегле во пресрет на гостите и не се појавиле на сопствената свадбена свеченост…

Џозеп Јев и Канг Тинг од Сингапур се вратиле од Кина неколку дена пред венчавката. Кога гостите рекле дека се загрижени дека ќе се заразат ако дојдат на свадбата, двојката одлучила да им излезе во пресрет, пишува Би-Би-Си.


Во Сингапур се вратиле на 30-ти јануари, а венчавката била закажана за 2-ри јануари.
Меѓутоа, кога гостите дознале дека тие штотуку се вратиле од Кина, се загрижиле поради коронавирусот, а некои кажале дека нема да дојдат на забавата.


Така, младенците одлучиле да не присуствуваат на церемонијата, за да не ги исплашат гостите. Невестата и младоженецот биле далеку од гостите, ама се вклучиле во живо на прославата на која присуствувале пријателите и семејството.

На гостите им се обратиле преку видео бим и одржале здравица, додека гостите биле во салата. Како што пренесува Би-Би-Си, Канг Тинг е од кинеската провинција Хунан, која се граничи со провинцијата Хубеи, во која дошло до појава на епидемија. Тие биле во Кина на 24. јануари, да ја поминат Лунарната Нова Година со нејзиното семејство.
На крајот, на свадбата дошле 110. од 190. поканети гости, а некои не присуствувале од различни причини.
Младенците биле сместени во соба во хотелот во кој се одржувала забавата.
Инаку, досега во Сингапур досега се забележани 33. случаи на зараза со коронавирусот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …