(ФОТО) 92. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОСКАРИ: Битка помеѓу „Џокер“, „1917“ и „Беше еднаш во Холивуд“

Како ретко кога  три фаворити за добивање на главната статуетка за најдобар филм на „Оскар“ биле толку изедначени
Во Лос Ангелес вечерва ќе се оддржи 92. доделување на наградите Оскар, а најмногу номинации, дури 11, има филмот „Џокер“ на режисерот Тод Филипс.


Дури две престижни признанија, што ги доделува американската Академија за филмска уметност и наука, може да му припаднат и на македонскиот документарец „Медена земја“, на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стафанов.



Покрај „Џокер“ уште осум филмови се натпреваруваат во категоријата за најдобро остварување во 2019 година. Како најсериозен противкандидат на „Џокер“ се појавува филмот „1917“ на британскиот режисер Сем Мендез, со 10. номинации.
Оваа воена драма на годинашното доделување на наградата БАФТА беше наградена со признанието за најдобар филм.


Меѓу главните фаворити за најпрестижната статуетка е и носталгичната ода на Квентин Тарантино за последните денови на стариот Холивуд „Беше еднаш во…. Холивуд“, со 10. номинации.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …