(ФОТО) 11. работи кои сигурно не сте ги знаеле за Шон Конери

Сер Шон Конери е роден на 15. август 1930. година, и веќе со години е во пензија, поточно од снимањето на филмот „The League of Extraordinary Gentleman“ кој бил прикажуван во 2003. година.
Инаку во текот на кариерата како продуцент има освоено Оскар, а како глумец се закитил со две БАФТА награди и три Златни глобуси.
Конери својата светска слава преку улогата на првиот Џејмс Бонд во дамнешната 1962. година.
По улогата на Бонд, Конери зачекорил на неверојатно патување, остварувајќи  успешна актерска кариера. Овој човек ќе се памети не само по неговиот извонреден талент за глума, туку и по неодоливиот шарм и заводливост.
Сепак, иако важи за еден од најпознатите актери на светот, тој имал голем број на тајни кои малкумина ги знаеле.
Еве дел од нив:
1. Неговото вистинско име е Томас, а во детството го нарекувале Томи.
2. Првата работа кој тој ја добил било разнесување на млеко од врата на врата.
3. Пред да почне да се занимава со глума, Конери работел како чистач на ковчези за погреб.
4. Во младоста тој се занимавал со бодибилдинг, а во 1953 година го освоил третото место на натпреварот Мистер Универзум.
5. Целиот хонорар кој го добил од снимањето на филмот “Robin Hood: Prince of Thieves” го донирал во добротворни цели. Станува збор за сума од 250. илјади долари.
6. Одбил да го глуми Гандалф во серијалот “Lord of The Rings”.
7. Неговиот омилен Џејмс Бонд филм е “From Russia With Love”.

8. Ја одбил улогата на Архитектот во филмот “Matrix”.
9. Ијан Флеминг, креаторот на Џејмс Бонд, не бил воодушевен со изборот на Шон Конери за улогата на Бонд во првите филмови. Подоцна го променил тоа мислење.
10. Последниот филм кој Шон го снимил бил “The League of Extraordinary Gentleman” и тоа бил неговиот 93-ти филм.


11.Голем љубител е на тенисот и кога може ги следи игрите на Енди Мареј, кој е исто така Шкот. Последен пат Конери на тенис бил, со сопругата, во 2014. година кога Енди Мареј играл на УС Опен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …