Еуростандард банка на 50.000 корисници на парични права од социјална заштита ќе изврши исплата во еден ден

На 3-ти јули 2020 година (петок), Еуростандард банка започнa со исплата на парични права од социјална и детска заштита, и тоа на сите корисници, без поделба во групи по азбучен ред.

Исплатени се корисниците на парична помош кои своите средства ги добиваат на картичка, клиентите кои средствата ги подигнуваат на шалтерите на банката, како и 20.000 корисници на парични права од социјална и детска заштита кои своите средства ги добиваат во својот дом.


Еуростандард банка е всушност и единствената банка во земјава која на своите клиенти паричната помош ја доставува директно до нивниот дом, и тоа на целата територија на државата.

„Свесни сме за состојбата со пандемијата која нѐ засега сите и осврнувајќи се на препораките населението да не излегува од дома без поголема потреба, сакаме на сите наши клиенти кои не се во можност да ги подигнат своите средства од експозитуритеда им излеземе во пресрет, со цел да не се изложуваат на дополнителен ризик. Веруваме дека со овој гест успеваме барем малку да придонесеме за поголема заштита на населението“, велат од Еуростандард банка.


Инаку, експозитурата Центар која е наменета исклучиво за корисниците на надомест од Министерството за труд и социјална политика, своите капацитети ги стави на максимум при што сите шалтери на експозитурата од 08 до 16 часот од понеделник до петок ќе им бидат на располагање на клиентите.

Дополнително, за корисниците на Mastercardдебитната картичка, Банката овозможи дополнителна поволност своите средства да можат да ги подигнат без надоместок, како на банкоматите на Еуростандард банка, така и на банкомати на сите други банки.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …