Д ФЕСТИВАЛ ВИКЕНД: Овој викенд, трите фестивалски дена ќе ги одбележиме со журка од дома

Десеттото роденденско издание на единствената фестивалска авантура кај нас – Д Фестивал, првично беше закажано за 3-5 јули во Дојран. Во таа чест, овој викенд, трите фестивалски дена ќе ги одбележиме со журка од дома, со дел од најдобрите настапи на македонските артисти од минатогодишните изданија на Д Фестивал.

Програмата започнува во петок, со едно од најпочитуваните имиња на македонскиот андерграунд хип-хоп – СТРАЈК, по кој следи енергичниот настап на врвниот уметник од македонската електронска музичка сцена КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, придружуван од TK WONDER и својот нов вокалист LION D.


Саботната вечер ќе започне со незаменливата позитивна енергија на Добри људи – CONQUERING LION, а ќе продолжи со електро-акустичниот материјал „New York p.m.” на ДУКЕ БОЈАЏИЕВ, кој е фузија од неговата клупска и филмска музика.


Во недела ќе се потсетиме на прекрасната атмосфера од ланскиот акустичен настап на ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ во магичниот музички храм – Church Stage, а викендот ќе го затвориме со една од клучните фигури на македонската музичка авангарда – ГОРАН ТРАЈКОСКИ.

Сите настапи може да се следат на официјалната Facebook страна на Д Фестивал.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …