Денес роденден слави Дадо Топиќ, пејачот што ја испеа најубавата песна за Македонија

Адолф „Дадо“ Топиќ е роден на денешен ден во 1949 година во Нова Градишка. Тој е хрватски музичар, текстописец, гитарист и уметник. Топиќ во својата кариера бил член на групите Динамити, Корни и Тајм. Топиќ ја започнал својата музичка кариера како средношколец во групата Ѓаволови еликсири како басист и пејач.Во 1967 година се приклучил на Динамити од Осијек.

Првиот состав на Динамити го сочинувале: вокал Киќо Слабинац, гитарист Антун Николиќ, басист Алберто Красниќи, клавијатурист Владо Лазиќ и тапанар Ратко Дивјак. Подоцна преминува на ритам гитара.


Во 1969 година го повикуваат да се приклучи на групата Корни за да го замени пејачот Далибор Бруно. По неговото заминување во Белград, Динамити престанаа со работа. Тука почнал да компонира и настанале неговите први песни „Remember“, „Жената е пристаниште, а човекот брод“ и „Прво светло во куќата број 4“ која ја напишал заедно со Корнелие Ковач. Меѓутоа ниедна од тие песни не се нашле на плочите на Корни.

Септември 1971. година Топиќ је напушти групата Корни и во Загреб со помош на менаџерот Владимир Михаљек ја основа Тајм. Во составот на групата беа: Дадо Топиќ (вокал), Тихомир Поп Асановиќ, (клавијатура), Ведран Божиќ (гитара), Марио Маврин (бас), Ратко Дивјак (тапани) и Бране Ламберт Живковиќ (клавир и флејта). Деби плочата „Time“ е објавена во 1972. година. Првиот тираж е печатен во петстотини примероци, но подоцна, поради големиот интерес е дополнително издавана. Групата почнала добро но подоцна се растурила, па Дадо отишол во Германија каде свирел по клубови.


Како голем пријател на балканските народи, посебно на македонскиот во 1973 година ја испеа песната Македонијакоја е меѓу 100-те најдобри поранешни југословенски рок песни.

Во наредните години објавува уште неколку албуми и настапува на повеќе фестивали. Заедно со групата Драгонфлај ја претставуваше Храватска на Песна на Евровизија во 2007 година.


Изминатиов викенд настапуваше на Интернационалната вечер на фестивалот Охридски Трубадури каде ја изведе легендарната „Македонија“ песна која со ист интензитет трае веќе 5 децении, и ја доби наградата за ширење на музиката на Балканот.

Честитики за роденденот на Дадо упатува и редакцијата на Екран, а во негова чест слушнете ја безвременската „Македонија“, и тоа оригиналната верзија во изведба на групата „Тајм“

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави поранешниот македонски кајакар Лазар Поповски

Лазар Поповски е роден на 19 мај 1975 година во Скопје. Тој е поранешен македонски …