ЧУДО НА ПРИРОДАТА – Зарем е можно: Бившиот сопственик на Формула1 ќе стане татко на 90. години!

Ова ќе биде негово четврто дете, инаку прво со Италијанката Фабијана
Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстоун (89) по четврти пат треба да стане татко со својата сопруга Фабијана Флоси (44), пренесуваат британските медиуми.
Ова ќе биде негово четврто дете, а прво со италијанскиата Фабијана.

Интересно е што Еклстон веќе има пет внуци, а во октомври ќе наполни 90 години.
Берни бил во брак три пати досега. Првпат се оженил во 1952. година, со Ајви Бамфорд, со која ја има ќерката, Дебора (65). За јавноста е непознато кога Еклстон се развел од неа.



Следниот брак на Берни бил со риечанката, Славица Радиќ. Тие се венчале во 1985. година а се разведоа во 2009. година. Берни и Славица имаат две деца, Петра (29) и Тамара (35).На крајот, Еклестон се оженил со Фабијана Флоси, потпретседателка на маркетингот за Големата награда на Бразил, во 2012 година.Но, тоа не функционирало и во меѓувреме се развеле, а последната година Берни е во врска со Фабијана
Според светските медиуми, неговото богатство се проценува на 3,2 милијарди долари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …