КУЛТУРА

Гала филмска вечер со проекција на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“

Амбасадата на Франција во Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на генералниот покровител „Зегин”, како и винарската визба „Тиквеш” и Младинскиот културен центар, имаат чест да Ве известат дека во среда, 31 мај 2023, во 20 часот, во кино „Милениум” (ГТЦ, 1 кат) ќе се одржи гала филмска …

Повеќе »

МК: Ги поттикнуваме младите да творат на македонски јазик

„Првото издание на конкурсот, што успешно се реализираше минатата година, се покажа мошне провокативно за младите автори, кои со кирилицата пополнија празнина во новиот медиумски простор. Младите уметници и автори од независната културна сцена  и оваа година добиваат можност со своите креативни идеи да придонесат кон зачувување на нашето најголемо богатство, мајчиниот јазик”, нагласува …

Повеќе »

„Младите доаѓаат“ – концерт во Филхармонија

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Младите доаѓаат” со ученици од средните музички училишта во Македонија. Диригент е Иван Еминовиќ, а на програмата се дела од Моцарт, Берио, Вебер. Лехар, Сибелиус, Григ и Равел. Како солисти ќе настапат Јана Стоилевска (соло …

Повеќе »

„Литера“ ги награди „Невидлива куќа“ на Црвенковска и Костуранов за најдобра сликовница, Наташа Андонова за најдобра илустрација за „Страшна ноќ“

Признание за најдобар текст доби „Ведра“ на Јулијана Величковска, со илустрации на Марио Каев, издание на „ПНВ Публикации“. За најиновативно издание е прогласена „Ветерната приказна“, графичка новела по текст на Ника Гавровска, со илустрации на Наташа Андонова, издание на „Гаврош“. Скопје 28 мај:Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца …

Повеќе »

Филхармоничарите му дадоа црвен картон на Министерството за култура!

На последниот концерт од официјалниот дел на концертната сезона „Дамар на слободата”, кој се одржа синоќа во НОБ, во рамки на „Мајски оперски вечери” со изведба на грандиозниот „Реквием” од Џузепе Верди, музичарите од оркестарот на Филхармонија ги заменија жолтите ленти (кои значеа жолт картон за Министерството за култура) со …

Повеќе »

Конференција „Македонска современа сликовница“ на „Литера“ во Музејот на град Скопје

На панелот „Од буква до приказна“ во 13 часот ќе учествува и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, а претходно, во 11.15 часот таа ќе се дружи со децата гости на фестивалот и во „Литера читалница“ ќе им чита сликовници по свој избор 25 мај, Скопје: Каде е позиционирана македонската современа …

Повеќе »

Книга за Скопје на Иван Џепароски преведена на српски јазик

Неодамна, во Белград (Р.Србија), издавачката куќа „Граматик“ ја објави поетската збирка „Град“ на македонскиот поет и естетичар Иван Џепароски. Книгата ја преведе од македонски на српски јазик познатиот српски поет и писател Рајко Лукач. Инаку, овој превод на книгата „Град“, којае во целина посветена на родниот град Скопје на поетот …

Повеќе »

Концерт на Белградска филхармонија со Зубин Мехта во Скопје во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”

На 24 јуни, со почеток во 20 часот, во концертната сала на Македонската филхармонија ќе гостува Белградска филхармонија предводена од славниот маестро Зубин Мехта во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”. Маестро Зубин Мехта, еден од најголемите диригенти на денешнината и најзначаен пријател на Белградската филхармонија е докажан авторитет во иницирањето …

Повеќе »

Ацо Шопов во литературното списание „Апулеј”, Париз

Вчера, 22 мај 2023 година, во просториите на издавачката куќа „Зулма” од Париз, беше промовиран осмиот број на годишното списание за литература „Апулеј” во кое еден блок му е посветен на Ацо Шопов, по повод 100 години од неговото раѓање. Под наслов „Ацо Шопов: Поет низ кој дише светот”, блокот …

Повеќе »