„Младите доаѓаат“ – концерт во Филхармонија

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Младите доаѓаат” со ученици од средните музички училишта во Македонија. Диригент е Иван Еминовиќ, а на програмата се дела од Моцарт, Берио, Вебер. Лехар, Сибелиус, Григ и Равел.

Како солисти ќе настапат Јана Стоилевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј”, класа проф Гонца Богоромова Краповски), Божана Гошева (виолина, II средно, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј”, класа проф. Јелена Туфекчиевска), Мевљуд Асаноски (кларинет, III средно, ДМУ – Битола, класа проф. Марјан Бакревски), Алек Гравчевски (фагот, III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј”, класа проф. Горан Зафировиќ), Јана Блажевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф. Маја Митровска), Леонардо Димоски (виолина, IV средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф. Оливера Гемту), Арсениј Ангелески (пијано, III средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф.Татјана Божиновска) и Иван Стојанов (пијано, II средно, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј”, класа проф. Катерина Ќетковиќ Фидановска).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Претставата „Земја на штркови“ вечерва во МКЦ

Вечерва во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена …