КУЛТУРА

Швајцарската доку-драма „Фамилија“ за проблематичните тинејџери премиерно во кината

Швајцарскатадрама „Фамилија“, во режија на Фред Баилиф, од денеска е на репертоар во кино „Милениум“ со почеток од 15:30часот.Филмот се фокусира на проблемите на тинејџерите во дом за згрижување деца во Женева. Исто така, денеска филмот ќе биде прикажан и во Дом на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци со …

Повеќе »

Мурал насловен „Leave nè vo mir!“, француско-германски проект со учество на уметници од Франција, Германија, Северна Македонија и Украина

Францускиот институт во Скопје, Гете институтот и здружението „Лоја” од Тетово имаат чест да ве известат дека од 1. до 7. мај 2023 год., се реализира проект, насловен како „Оставете нè во мир!”, со поддршка на Француско-германската канцеларија за млади и Француско-германскиот културен фонд, во рамките на програмата „Наша Европа, …

Повеќе »

Музика, светлосни проекции и филм на кирилица по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, в петок ќе се одржат повеќе културни настани во организација на Министерството за култура преку кои ќе се одбележи овој значаен ден.Во Музејот на македонската борба, во 18:00 часот, концерт ќе одржи Музичката младина на Македонија, која годинава одбележува јубилеј – 60 …

Повеќе »

Театарски поткасти на „Самоглас“посветени на историјата на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Аудио библиотеката „Самоглас“ го најавува својот нов проект, што го реализира во соработка со МТФ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Станува збор за театарски поткасти чија реализација е поддржана од Министерството за култура и Europe House Скопје. Во рамки на истиот се предвидени две поткаст сезони. Во првата епизода „Почетоците на …

Повеќе »

Четврто издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез”

Организаторите предвидуваат најквалитетна музичка понуда досега Четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез” во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез” ќе биде отворено на 18 мај. Трите фестивалски вечери ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар. Организаторите предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и …

Повеќе »

Портрет на Ацо Шопов во „ Ел Нуево Хералд”, Мајами, САД

По повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, дневниот весник „Ел Нуево Хералд”од Мајами, САД, во денешниот број објави опширен напис посветен на нашиот поет за кого се вели дека „македонскиот јазик практично му го должи својот влез во светот на литературата”. „Станува збор”, потенцира француско-кубанскиот писател Вилијам Наварет, „за …

Повеќе »

Македонски музичари на Тирана џез фестивал

Во петокот вечер, на покана од македонскиот Културно информативен центар во Тирана, групата „In the mood” од Скопје, имаше извонреден настап на Тирана џез фестивал. Првиот дел на тиранскиот фестивал, секоја година се одржува на крајот на април и редовно е богат со голем број на различни имиња од европскиот …

Повеќе »

Соопштение на Министерството за култура по денешниот протест на Филхармонија

Министерството за култура интензивно работи на решение кое набргу ќе го сподели со сите засегнати. Впрочем, тоа им го вети и министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска на неколкуте средби. Веруваме дека на филхармоничарите набргу, кога ќе го слушнат решението, ќе им биде јасно дека со одлуката за привремено останување на џез-музичарите во …

Повеќе »

Премиерна изведба на делото ЈАС СУМ ТИ на Искра Шукарова и Тереза Лазарев по повод меѓународен ден на танцот

По повод 29 април меѓународен ден на танцот, Ве покануваме на премиерната изведба на делото ЈАС СУМ ТИ на Искра Шукарова и Тереза Лазарев. Претставата ќе се изведе во КСП Јадро на 29 и 30 април во 20 часот времетраење 30 минути. Број на места лимитиран: 𝟑𝟑 лица по претстава, затоа …

Повеќе »