МК: Ги поттикнуваме младите да творат на македонски јазик

„Првото издание на конкурсот, што успешно се реализираше минатата година, се покажа мошне провокативно за младите автори, кои со кирилицата пополнија празнина во новиот медиумски простор. Младите уметници и автори од независната културна сцена  и оваа година добиваат можност со своите креативни идеи да придонесат кон зачувување на нашето најголемо богатство, мајчиниот јазик”, нагласува министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која ги поканува сите заинтересирани најдоцна до 30 јуни да аплицираат на конкурсот кој е објавен денеска во медиумите и на веб-страницата на Министерството за култура.

Предлог-проектите може да бидат: ликовни интервенции во урбан простор (графити) создадени на македонски јазик; стикери (налепници) за социјални мрежи и канали на комуникација (вибер, инстаграм…); самостојни и групни изложби на дела создадени со користење македонски јазик; литературни промоции; организирање дебати, конференции, работилници и слично.  


Локациите за претставување на проектите може да бидат во установите од областа на културата, но и други јавни и алтернативни простори, дури и нефункционални, руинирани објекти или простори кои можат да добијат нов современ лик како уметничка сцена.  Манифестацијата ќе се одвива од 15 јули до 1 октомври.

Предност имаат млади автори до 30-годишна возраст кои за првпат конкурираат, мали проекти кои како активност се планирани да се реализираат во наведениот период со користење на македонскиот јазик.Повеќе информации за конкурсот може да најдете на следниов линк: КОНКУРС за проект за манифестацијата „Цртај на македонски јазик” за 2023 година – Министерство за Култура (kultura.gov.mk)


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на доајенот на македонското радио и телевизиско спикерство Иван Антонов

Иван Антонов е роден во село Ума, Гевгелија, на 01 мај 1924 година. Тој беше …