КУЛТУРА

Вечерва почнува „Охрид Џез Фестивал“

Во предворјето на црквата Света Софија во Охрид, денес и утре ќе се одржи Охрид Џез Фестивал. Денес со почеток во 20:30 часот фестивалот ќе го отвори Горан Папаз и Ансамблот Билјана, а како гости ќе настапат Танче Гроздановски и Ратко Даутовски. Во петок на 1ви септември, исто така со …

Повеќе »

Концерт на Barney Esville & Sarah Harralson во Public Room

Денес со почеток во 21:00 часот во Public Room (Јавна Соба), ќе се одржи кантри концерт на Barney Esville & Sarah Harralson. Влезот за настанот е слободен. Колаборативниот проект на Сара и Барни содржи интересна мешавина од кантри хитови, песни од новообјавениот албум на Сара Харалсон и оригинални песни од …

Повеќе »

Официјално отворање на Фестивалот на нем и класичен филм 2023

Во Кинотеката на Северна Македонија, денес, со почеток во 20:00 часот, со немиот филм Калабака: Тајните на непознатата Европа во летното кино на кинотека Мирно лето ќе се одржи официјалното отворање на фестивалот на нем и класичен филм 2023. Со пронаоѓањето на филмот, истражувачите на светот, патниците, мисионерите и експедициите …

Повеќе »

Претфестивалска проекција – Нем и Класичен филм фестивал 2023

Годинашново издание на фестивалот на Нем и Класичен Филм 2023 ќе се одржи од 29 август до 4 септември во Кинотеката на Северна Македонија, а ќе почне вечерва во 20:00 часот со претфестивалска проекција на документарниот филм „Адио Југофилм, Адио Југофестивал, Адио Југославија…се гледаме во следната војна“ на култниот хрватски …

Повеќе »

Интервју со „21 Век“ – Сите заедно ќе креираме една убава скопска вечер што ќе се памети

На 1ви септември е закажан концертот на скопскиот бенд „21 Век“. Публиката со нетрпение го очекува настапот на Васко, Раде и Дени. Токму како повод го искористивме концертот, да позборуваме околу настапот, моменталната сцена и уште ред други интересни теми. И нормално, се гледаме на концерт на 1ви септември. -На …

Повеќе »

Стефан Костоски добитник на наградата „Енхалон“

Песната „Денување“ на македонскиот автор Стефан Костоски ја доби наградата „Енхалон“, која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот. Жири-комисијата во состав Стефан Марковски (претседател), Снежана Стојчевска и Виолета Танчева-Златева (членови), во своето образложение велат дека станува збор за песна со …

Повеќе »

„Lincoln Letter“ имаат нов сингл !!!

Скопскиот рок состав „Lincoln Letter“ го објавија својот нов сингл „Empire on Fire“, што е најава за нивниот нов албум “Raise the Sails”. Во очекување на албумот, погледнете го видео записот од нивниот нов сингл. Уживајте!!!

Повеќе »

Денес почнува „Прилеп Џез Викенд 2023“

Денес во Прилеп започнува дванаесеттото издание на „Прилеп Џез Викенд“ кое ќе трае до 2ри септември. Овој фестивал веќе дванаесет години е домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена и е позициониран на картата на значајни музички манифестации, не само во Република Македонија, …

Повеќе »

Промоција на „Прости песни“ од Александра Спасеска во Охрид

Утре, во Охрид во кафе барот Шила во 18:00 часот, ќе се случи промоцијата на дебитантската стихозбирка „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“ од Александра Спасеска, во издание на ПНВ Публикации. По успешната промоција на „Прости песни“ на Саемот на книга 2023, и распродадено прво издание …

Повеќе »