КУЛТУРА

“Распеани срца“ Фестивал за детски песни

Денес во Центарот за култура “Ацо Шопов“ – Штип, со почеток во 17:00 часот ќе се одржи 28-иот по ред Фестивал за детски песни “Распеани срца“. Фестивалот има традиција долга 28 години и од своето прво издание до ден денес, со своите песни, ги освојува срцата на љубителите на музиката …

Повеќе »

Брус Спрингстин денес го слави својот 74-ти роденден

Брус Фредерик Џозеф Спрингстин е роден на 23 септември 1949 година во Лонг Бранч-Њу Џерси, и е еден од најпознатите американски рок пејачи, гитаристи и композитори. Се смета за музички наследник на Елвис Присли, Вуди Гатри, Пит Сигер и Боб Дилан. Брус бил под големо влијание на рок и блуз …

Повеќе »

Без песна нема работа: Македонците со песна и игра го обраа италјанското грозје

Италија годинава се соочуваше со голем недостиг на работна сила, па голем број македонци отидоа да работат на плантажи со грозје. Но, веројатно не е се така тешко, кога ќе се работи со песна. Овој пат од фејсбук страната „Кочанска Котлина“ споделија видео од Италија, каде се слуша, игра и …

Повеќе »

Моника Миткова е избрана за жетварска убавица за 2023 година

Заврши гласањето за избор на жетварска убавица, кое годинава прват се организираше електронски, со „допаѓање“ на фотографиите на кандидатките објавени на фејсбук-страницата на Општина Кочани. Од седумте кандидатки, кои влегоа во изборот, во периодот од 19 до 22 септември, најмногу допаѓања доби Моника Миткова, со што таа е избрана за …

Повеќе »

Денеска се празнуваат Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора

Трите се родени сестри од некое место во Витинија Азиска. Воспитани во хрситијански дух, се повлекоа од градот во пустината, сакајќи да го воздигнат својот ум кон Бога и да се ослободат од сиот лажлив свет и така да го проживеат овој век во чистота и девственост, како вистински невести …

Повеќе »

Денеска се празнува Преподобна Теодора Александриска – Тие што го носат ова име се вистински дар од бога

Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и …

Повеќе »

Академскиот современ визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата избран за  претседател на стручната жири комисија на lX Меѓународно биенале на минијатура “Уметноста на минијатурата” која ќе се одржи во Русе, Бугарија

На покана од “Уметничката Галерија Русе” – Бугарија, Македонскиот современ академски визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата ќе биде претседател на стручната жири комисија на lX Меѓународно биенале на минијатура “Уметноста на минијатурата”. Жирирањето ќе се одржи во периодот од 28 – 30 септември 2023 година во Русе, градот на …

Повеќе »

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „СИСТЕМ НА СЕТИЛНОСТИ” ОД ЕЛИЗАБЕТА КОСТАДИНОВСКА ЛИНДНЕР

26 септември 2023, 19:19 часот  Салон – Империјал 2 Почитувани, Културно информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на промоција на збирка раскази „Систем на сетилности” од Елизабета Костадиновска Линднер во издание на АНТОЛОГ на ден 26.09.2023 година со почеток во 19:19 часот во Салон …

Повеќе »

Изложба на млади автори – „Цртај на македонски јазик“

Вечерва во просториите на Арт Хаб во ГТЦ ( Градскиот трговски центар), со почеток од 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Цртај на македонски јазик“. Изложбата ,,Цртај на мaкедонски јазик” e проект на ДЛУМ во кој учествуваат 10 млади автори кои активно се бават и истражуваат во различни медиуми на …

Повеќе »