Брус Спрингстин денес го слави својот 74-ти роденден

Брус Фредерик Џозеф Спрингстин е роден на 23 септември 1949 година во Лонг Бранч-Њу Џерси, и е еден од најпознатите американски рок пејачи, гитаристи и композитори. Се смета за музички наследник на Елвис Присли, Вуди Гатри, Пит Сигер и Боб Дилан.

Брус бил под големо влијание на рок и блуз музиката од 1960-тите. Тој е познат по своите поетски општествено свесни стихови и енергични сценски изведби кои понекогаш траат и до 4 часа. Го добил прекарот „Шефот“. Неговите текстови често се однесуваат на искуствата и борбите на американците од работничката класа. Хероите на неговите песни се луѓе од американските предградија (често од неговиот роден Њу Џерси), кои се соочуваат со секојдневни егзистенцијални проблеми, а нивните приказни се претставени елоквентно и романтично.


На почетокот на 2014 година, Спрингстин го објавил својот 18. студиски албум под наслов „High Hopes“ со неговата група „E Street Band“, а како гостин на албумот се појавува и гитаристот Том Морело (член на „Rage Against the Machine“). Албумот бил најавен во ноември 2013 година, кога биле објавени песната „High Hopes“ и видео спотот за неа.

Добитник е на голем број награди и признанија.


Денес, во негова чест слушнете го еден од неговите најголеми хитови „Born in the USA“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …