Концерт на Barney Esville & Sarah Harralson во Public Room

Денес со почеток во 21:00 часот во Public Room (Јавна Соба), ќе се одржи кантри концерт на Barney Esville & Sarah Harralson. Влезот за настанот е слободен.

Колаборативниот проект на Сара и Барни содржи интересна мешавина од кантри хитови, песни од новообјавениот албум на Сара Харалсон и оригинални песни од Барни Есвил. Ќе го слушнете и дуото како ги изведува песните кои ги прославија низ светот во придружба на тапанарот Ендру Куглер.


Проектот наречен „Здраво пријателе“ има за цел да ја претстави кантри музиката во сите нејзини аспекти и варијации – класична и современа, во нејзината американска и европска верзија.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …