Официјално отворање на Фестивалот на нем и класичен филм 2023

Во Кинотеката на Северна Македонија, денес, со почеток во 20:00 часот, со немиот филм Калабака: Тајните на непознатата Европа во летното кино на кинотека Мирно лето ќе се одржи официјалното отворање на фестивалот на нем и класичен филм 2023.

Со пронаоѓањето на филмот, истражувачите на светот, патниците, мисионерите и експедициите честопати биле придружувани од сниматели. Тие со помош на филмските камери патувале и создавале фасцинантни документи, кои сега имаат висока историска и уметничка вредност. Непознатиот регион за Европејци од почетокот на 20 век, Балканот, претставувал егзотично место кое се наоѓало на самиот праг, а било средиште на култури, јазици и религии. Еден од овие филмови-репортажи што ја прикажува непознатата Европа е Калабака (создаван околу 1927) и претставува еден вид кинематографски извештај за една експедиција на Балканот. Германската филмска компанија „Хегевалд“ го испраќа патувачкиот репортер Фред фон Болен-Хегевалд, да замине од Австрија кон југот на Европа па сè до Багдад во специјален „репортерски“ автомобил. Тој минува низ повеќе места – Мостар, Скопје – каде ги посетува Дервишите, Солун и комплексот манастири Метеори во близина на градот Калабака.


Калабака, што во буквален превод значи „тврдина“ е филм кој нуди извонреден и неповторлив портрет на овие предели делумно низ очите на „објективен“ снимател, но повремено создава и мала приказна која го води гледачот низ едно големо патешествие.
Филмот е обезбеден во соработка со Eye Film Museum од Холандија.

Музичката илустрација на филмот ќе ја изведе дуото Добрила и Дориан, што ветува прекрасна музичко-филмска прошетка по стариот Балкан.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …