На денешен ден е родена американската актерка Камерон Дијаз, звездата од „Чарлиевите Ангели“

На денешен ден во 1972 година во Сан Диего, Калифорнија е родена Камерон Мишел Дијаз, американска филмска актерка и поранешен модел.

На 16 година заминала од својот дом и работела како фото модел, а во следните пет години живеела на различни локации низ целиот свет. Иако без актерско искуство, во 1994 година дебитира на филмското платно во филмот „Маска (Mask), каде што ја толкува понежната половина на глумецот и комичар Џим Кери. После неколку улоги во нискобуџетни и непопуларни филмови нејзината популарност почнала да расте во 1998 година кога ја одигра главната улога во романтичната комедија „Сите се луди за Мери“ (There’s Something About Mary). Две години подоцна ја игра главната улога во филмот „Чарлиевите ангели (Charlie’s angels), а во 2001 година глуми во филмот „Небо со боја на ванила“ заедно со Том Круз, за подоцна да го позајми гласот на принцезата Фиона во популарниот анимиран филм Шрек.


Денеска е една од најплатените глумици во Холивуд, добивајќи 20 милиони долари за продолжението на „Чарлиевите ангели“ со што стана втората глумица, после Џулија Робертс, со толку голема заработка за само еден филм.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во ликовниот салон од ЦК”Марко Цепенков” е отворена изложбата “Пиктограми” од Светлана Попова и Марија Штерјова

Во ликовниот салон од ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп синоќа 26.04.2024, е отворена изложбата “Пиктограми” од …