Интервју со Мина Блажев – да го продолжиме векот на нашите стари македонски песни и да го чуваме нашето културно богатство што го имаме како народ

Продолжува соработката на Екран, Продукција Скендеровски и Проектот Македонијо во срце те носиме. Овој пат разговараме со Мина Блажев, нашата млада и перспективна пејачка, за нејзините почетоци, кариерата, учеството во проектот и многу други интересни теми.

Од кога Мина почна да се занимава со музика?


– Љубовта кон музиката се појави во мене уште во најраните години. На 4 години прв пат се појавив на поточиња и од тогаш музиката го нема напуштено мојот живот. Посериозно почнав да се занимавам со пеењето со моето учество на познатиот музички фестивал ,, Славјански Базар,,.

Публиката те запознава како македонска претставничка на Детската Евровизија која се одржа во 2017 година во Грузија. Како помина таму и кои се твоите впечатоци од овој настан?


– Тоа е едно од моите најголеми и најпосебни искуства до сега. Тоа е една организација која што не би можела да ја споредам со ништо до сега. Се беше организирано во светски рамки- на највисоко проефесионално ниво и сметам дека на секој еден музичар му претставува сон да некогаш бидел дел од една ваква прекрасна манифестација. Имав огромна одговорност затоа што на овој настан требаше да ја претставам нашата држава во најдобро светло, и со само мои 14 години навистина сериозно си ја сфатив одговорноста и дадов се од себе да ја претставам нашата држава најдобро што можам. Моето учество не само што ми го збогати музичкото искуство туку и ми донесе нови другарства кои ден денес сеуште постојат.

Направивте дует со ДНК. „Кобра“ стана голем хит. Чија беше идејата и како дојде до оваа соработка?


– ДНК како група секогаш даваат огромна подршка на младите артисти. Па така беше и во овој случај. Ми претставува огромна чест и задоволство што имав можност да снимам песна со нив но исто така и што бев дел од нивните два големи концерти. Многу брзо идеата да направиме песна дојде до реализација секако со помош на врвниот Лазар Цветкоски, а спотот се снимаше во Косово.

Дел си од проектот „Македонијо во срце те носиме“ каде ја препеа македонската традиционална песна „Море сокол пие“. Досега не сме те виделе во овие „води“. Какво е твоето искуство од овој проект?

– Овој проект има една прекрасна мисија и порака до нашиот народ – да го продолжиме векот на нашите стари македонски песни и да го чуваме нашето културно богатство што го имаме како народ. Ми претставува огромна чест и задоволство што со мојата преработка на прекрасната песна ,,Море сокол пие,, можам да помогнам во остварување на заедничката мисија и да го продолжам животот на една песна која постои со векови.

Дали сметаш дека младите покрај модерната (популарна) музика треба да ја слушаат и негуваат и македонската традиционална песна?

Секако дека да бидејќи никогаш не треба да ги забораваме нашите корени и нашите потекла. Многу ми е мило што со моето учество во овој проект ќе помогнам до зачувување на нашите стари македонски песни и што заедно со другите изведувачи ќе ги доближиме истите до што поголем број на млади.

Како го помина ова лето, дали имаше настапи?

Ова лето го поминав малку работно но во исто време и релаксирано. Имав настапи но исто така и доволно време да ги наполнам батериите за се она што доаѓа од септември.

Кои се твоите идни планови?

Моите идни планови се да го завршам факултетот и да продолжам да ја градам мојата музичка кариера.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот поранешен борач, освојувач на два бронзени медали на Олимписките игри Шабан Сејдиу

Шабан Сејдиу е роден е на 6 мај 1959 година во Блаце, општина Чучер-Сандево, Скопје. …