Денес почнува „Прилеп Џез Викенд 2023“

Денес во Прилеп започнува дванаесеттото издание на „Прилеп Џез Викенд“ кое ќе трае до 2ри септември. Овој фестивал веќе дванаесет години е домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена и е позициониран на картата на значајни музички манифестации, не само во Република Македонија, туку и еден од позначајните во регионот воопшто.

Фестивалот ќе започне на археолошкиот лолкалитет Врбјанска Чука, со перформансот на Џенгиз Ибрахим. „Next To Silence“, како дел од off програмата ќе настапат во клубот „Калинка“ на 29ти август, а на 31 август програмата продолжува со настапи на „Дориан и Добрила Дуо“ и „Jingarabushi“. На 1ви септември ќе настапат „ Soothsayer“ и „Фолтин“, а фестивалот ќе го затворат „Intergalactic Mutant Funk“ и „3Gonome3“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …