Борко Лазески и Андре Лот – Изложба на дела создадени во ателјето на Андре Лот во Париз

На 20 декември 2023 година, во галеријата Остен во Скопје, со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата на делата од нашиот истакнат сликар Борко Лазески, изработени во периодот од 1946-1948 за време на неговиот престој во Париз во ателјето на Андре Лот.

Кај Лот студираа повеќе од дваесетина уметници од целата земја, кои се задржуваа во неговото ателје главно меѓу двете светски војни, а особено во триесетите години на овој век. Андре Лот беше мошне ценет поради неговиот либерален однос спрема учениците, толеранцијата и поттикнувањето на индивидуалните склоности на секој поединец кој се нашол во неговата школа. Како естетичар и познат педагог, како што вели еден критичар: „… ненаметнувајќи ги своите теории и своето сликарство…“, тој веќе во третата деценија многу допринесе за „европеизацијата“ на нашата ликовна култура.


И во поново време, во повоениот период неколку наши уметници се задржаа во Лотовата академија. Меѓу нив, без сомневање, кај Лот најдолго време помина македонскиот сликар Борко Лазески (1917), кој доаѓаше во неговото ателје од почетокот на 1946 до есента 1948 значи скоро три години, колку што тогаш престојуваше во Париз.

Изложбата ќе биде отворена до 10 февруари 2024 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …