Биле зафатени со селфи и не виделе стравична сцена

Момчињата кои правеле селфи излегле од водата, се исушиле и со остатокот од групата отишле во обиколка на локалниот храм. Дури подоцна забележале дека го нема нивниот колега…
Група момчиња во Индија правеле селфи додека нивниот пријател се давел.
Вишкас (17) се удавил во езеро во близина на Бенгалур откако со група пријатели отишол на капење.Во водата влегол на убедување на пријател, иако не знаел да плива.
Момчињата кои правеле селфи излегле од водата, се исушиле и со остатокот на групата отишле во обиколка на блискиот локален храм. После повеќе од еден час наставниците и момчињата од групата забележале дека го нема Вишкас…
Почнале да го бараат. Еден од момчињата на мобилниот ја побарал фотографијата за да види кога последен пат го виделе пријателот и потоа пронашол вознемирувачка фотографија. Момчето наскоро го пронашле мртов, како плута по површината на езерото. Веднаш повикале полиција.
Семејството и пријателите го обвинуваат школото за негрижа и нестручност поради што Вишкас загинал.Полицијата рекла дека момчињата го игнорирале знакот за опасност дека капењето во езерото е строго забрането.
„Таткото на момчето покрена тужба. Иако ние случајот го третиравме како несреќа. Но, можно е таткото да го добие спорот на суд бидејќи неговиот син бил малолетен и за него биле одговорни организаторите на излетот“ рекле во полицијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …