На многу мажи Хју Хефнер им бил пример, поради својот хедонистички животен стил, но се чини дека за се’ била виновна една жена која го повредила…
Првата сопруга на Хју се викала Милдред Мили Вилијамс и била негова љубов од средното училиште. Хју во неа бил вљубен „преку уши“ и се заветувале еден на друг дека ќе се чуваат, односно дека нема да спијат со други се’ додека не се венчаат.
Меѓутоа, ден пред венчавката, Мили му признала на Хју дека спиела со друг маж.
„Буквално се чував за својата жена, а таа ми призна дека ме измамила. Тоа беше најлошиот момент во мојот живот“ изјавил подоцна Хју.
Сепак, се венчале во 1949. година и добиле две деца, Кристи и Дејвид.Сепак, нејзината измама влијаела на нивниот брак и наскоро Мили на Хју му дала дозвола да спие со други жени. Тоа била одлука која потполно го променила неговиот поглед на бракот и сексот.
Се разделиле после 10. години, но Хју други тогаш почнувал со својот хедонистички животен стил, а Плејбој е основан во 1953. година, станувал се’ попопуларен.
Хефнер тврдел дека во текот на животот спиел со повеќе од илјада жени.
Неговата последна сопруга,Кристал Херис, била помлада 60. години, а Хефнер со неа се оженил во 2012. година.
Умрел вчера во 91. година на живот, со природна смрт.

Му „го скршила срцето“: Хју Хефнер станал женкар поради предавството на оваа жена
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.