Бебе се удавило на крштевка но Црквата не сака да го менува ритуалот!

Православната црква во Романија се нашла под голем притисок да го смени начинот на крштевање, откако бебе починало по церемонијата која вклучува потопување на детето три пати во света вода.
Шест недели старото бебе доживеало срцев удар и било итно пренесено во болница каде починало неколку часа подоцна, а аутопсијата покажала дека момчето имало вода во белите дробови.
Обвинителството започнало истрага против свештеник во североисточниот град Сукаава, Романија.
Набргу по веста за смртта на детето, на социјалните мрежи се појавила петиција, потпишана од повеќе од 56.000 луѓе за промена на ритуалот на крштевање.


„Смртта на новороденчето поради оваа практика е огромна трагедија. Овој ризик мора да се исклучи со цел радоста на крштевањето да триумфира“, се вели во текстот на петицијата.
Локалните медиуми јавуваат дека во последните години имало неколку слични инциденти.
Портпарол на романската црква, Василе Банеску, рекол дека свештениците може да истурат малку вода на челото на бебето наместо цело да го потопуваат, но надбискупот Теодосије, водачот на традиционалното крило во Црквата, рекол дека ритуалот нема да се промени.


Повеќе од 80 проценти од Романците се православни и Црквата е една од институциите со најголема доверба.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …