Починал Кале Дијамант, учесник во серијалот „Никогаш не е доцна“

Пејачот Станоје Становиќ, попознат како Кале Дијамант, инаку победник во првата сезона на шоуто „Никогаш не е доцна“, починал на 54-годишна возраст.
Безживотното тело на пејачот утрово го пронашле членовите на неговото семејство, во неговиот стан во Германија. Причината за смртта сè уште не е официјално позната, но како што се сомнева семејството, тој најверојатно починал како резултат на срцев удар, пишува Гранд онлајн.
https://grand.online/nikad-nije-kasno/news/umro-kale-dijamant
Последните денови од животот ги поминал во Дизелдорф и немало индиции дека неговата здравствена состојба е загрозена. Но, бидејќи тој не одговарал на телефонот претходните два дена, неговото семејство синоќа упаднало во станот и можело само да ја констатира смртта.
„Нашиот и вашиот крал на народната музика почина. Остануваш засекогаш во нашето срце, сè уште си жив за нас. Најдобар татко, најдобар дедо и нашата најголема sвезда, почивај во мир. Те сакаат твоите ќерки, сопруга и внуци“, се наведува во соопштението на семејството Станковиќ на неговиот официјален профил на Фејсбук.


Да потсетиме, Кале Дијамант е роден во Обреновац. Љубовта кон музиката ја покажал уште од најраното детство, а во осумдесеттите започнал да работи во белградски клубови и сплавови. Тој честопати истакнувал дека неговиот пат е трнлив, а по Белград и Виена, тој решил да ја испроба среќата во Германија, па во 1991. година се преселил во Дизелдорф, каде се обидле да гради кариера.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …