Afro Gitano – Концерт на Тони Китановски и диџеј Гоце САФ

На 30 ноември 2023 година во Public Room, со почеток во 21:00 часот, ќе се одржи концертот на Тони Китановски и диџеј Гоце САФ, насловен како „Afro Gitano“.

Овој проект е соработка помеѓу Китановски и Ерик Малу Малу од Киншаса, Конго, оригинална музика снимена на три континенти во пет земји (Конго, Канада, Франција, Австрија и Македонија).


На композиторско ниво, Afro Gitano е симбиоза на македонската ромска музичка традиција и музиката на Африка (Конго и Западна Африка).

Отворениот концепт овозмозува истражувања со други музички стилови, како овојпат со диџеј Гоце и хип хоп жанрот.


Билетите се по цена од 300 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …