Тренер на безбол починал од корона вирус ден откако бил пуштен од болница

Тренерот на безбол од Њу Џерси, Бен Лудерер (30), почина откако се заразил со коронавирус, а веста за неговата смрт ја потврдило и училиштето,Cliffside, каде што работел.
“Сожалење ве информираме за смртта на Бен Лудерер, наставник и тренер на бејзбол. Сочувствуваме со неговото семејство”, се вели во соопштението.
Сопругата на Лудерер, Ранди, за „BuzzFeed“ изјавила дека таа била прва која била тестирана за коронавирус и била позитивна, а по само неколку дена, Бен започнал да покажува симптоми на вирусот.


Со влошена состојба тој заминал во болница, на лекување и набргу завршил на респиратор, но наскоро се чувствувал подобро и лекарите процениле дека може да биде испуштен од болница.
Бен покажал знаци на закрепнување на денот кога бил отпуштен од болницата, но навечер и кажал на својата сопруга дека не се чувствува добро.
Тој починал следниот ден и од болницата било потврдено дека немал здравствени проблеми пред инфекцијата со коронавирус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …