(ФОТО) НИКОМУ НЕ МУ Е ЛЕСНО ВО УЧИЛИШТЕ: Интернет се изнасмеа од фотографиите на учител пред и после наставата!

Ерик Воткинс, учител во едно училиште во Њу Џерси, одлучил да се пошегува со новиот тренд меѓу учениците и родителите…
Имено, многу деца се фотографираат пред и по наставата па така настанале некои урнебесни фотографии како онаа на малечката Луција која својот дом го напуштила во чиста униформа, коса собрана во опавче, а по враќањето била исцрпена, со неуреедна коса и валкана.
Така учителот Ерик одлучил да покаже како тој изгледа пред влегувањето во училницата а каков ја напушта.


„8.00 часот наутро пред својата училница чекам да ги запознаам своите ученици. Толку сум возбуден. 15:00 часот, ги запознав!“, напишал покрај урнебесните фотографии.
Објавата на Ерик е споделена 109. илјади пати, а предизвикала повеќе од 43. илјади реакции и добро го насмеала интернет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …