НА 13 СЕПТЕМВРИ ПОЧНУВА 44-ТО ИЗДАНИЕ НА МОТ

Mеѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ), годинава ќе биде домаќин на повеќе интересни театарски претстави од 8 држави кои во периодот од 13. до 21. септември на различни сцени ќе се претстават пред скопската публика.

– Чест ми е што имам можност да присуствувам на најава на вакви институционални манифестации, затоа што МОТ е институција по која се препознава нашиот град, и да го најавам традиционалното 44-то издание на Млад отворен театар. Ќе имаме ретка можност и чест на 13-ти септември МОТ да отвори со перформансот „Оваа зграда зборува (на)вистина“, со кој годинава нашата држава на престижното Прашко квадриенале ја доби главната награда „Златна Трига“ на оваа престижна манифестација -изјави Шилегов на прес-конференцијата во МКЦ.


Тој додаде дека на затварањето на Фестивалот ќе се претстават гостите од Атина со претставата насловена како „Чист град“ која ги разработува стереотипите преку погледи и лични искуства на вистински експерти коишто се однесуваат до чистотата: жените имигрантки, чистачки на Атина.


– Град Скопје препознава во МОТ една фундаментална институција и поради тоа ја зголеми поддршката на 3 милиони денари годинава од програмата за поддршка на проекти од областа на културата, и се надевам дека следната година нашиот пример ќе го следат од Министерството за култура бидејќи МОТ е МОТ- рече Шилегов.


Шилегов ги повика сите скопјани што помасовно да ги посетат претставите и да ги примат пораките коишто само алтернативната уметност може да ја прати кон општеството и дека ќе уживаат во квалитетни театарски содржини што ги нуди Фестивалот.

На пресот за новинарите присуствуваа и Русе Арсовски, директорот на МКЦ и Филип Јовановски, еден од авторите на проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ што ја доби главната награда „Златна Трига“ на престижното Прашко квадриенале.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …