Ирецот Кевин Конвеј бил зачуден кога видел 200. милиони евра на својата банкарска сметка.
При проверка на состојбата на сметката на неговиот мобилен телефон, тој забележал неверојатна бројка од 197.245.088 евра.
Тој ја отвори апликацијата неколку пати, но секогаш ја гледал истата сума, очекувајќи 200 евра.
„Кога проверував преку апликацијата минатиот петок, тоа беше 197 милиони евра. Одеднаш таа сума ја снема. Не знаев што да правам.Се фатив за глава. Јас бев побогат за 200 милиони евра цели два часа“, рекол тој.
На негово жалење, било откриено дека станува збор за грешка. Кевин не би можел да ги земе тие пари.
Портпаролот на компанијата во сопственост на апликацијата изјавил дека грешката е многу брзо исправена.
Според Кевин, кога го прашал агентот за поддршка на клиентите што се случило, таа на шега му рекла дека посакала парите навистина да му припаѓаат нему.
Co Wexford man €200m richer for two hours before error rectified | https://t.co/KkaFlPpTxO pic.twitter.com/DfT0GOM580
— RTÉ News (@rtenews) August 28, 2019
„Посакувам да биде така. И’ јас и ти би се збогатиле“, се пошегувал агентот.
Конвеј не можел да има корист од оваа грешка. Но, во минатото и’ тоа се случило.
Пример за ова е Маргарет Мекдонел, која во март 2013. година потрошила 51000 евра случајно уплатени на нејзината сметка. Оваа 23. годишна жена од Даблин трошела пари за облека и чевли за своите деца. Таа била осудена на условна казна во април 2017 година.
Екран.мк/RTE
Фото: Twitter/Printscreen