Кристи Бринкли не крие дека во 66. година на животот е задоволна со својот изглед…
Легендарната суперманекенка и глумица на 2. февруари наполни 65. години, а на претставувањето на новата сезона на американската емисија „Танц со ѕвездите“ дошла во мини фустан, дополнително скратен со шлиц.
Никому не му е јасно како успева да изгледа како врсничка на својата ќерка Алекса Реј Џоел, која ја добила со музичарот Били Џоел.
Кристи признала дека користи ласерски третмани и дека пробала ботокс, но не и се допаднал. Тоа се сите третмани кои ги испробала, но нејзиниот изглед не можеме да го припишеме на естетските операции.
Оваа русокоса во „Sports Illustrated“ почнала да се појавува во 1979. година за да потоа уште два пати по ред се појавила на предната страна на списанието.