(ФОТО) Ѕвездите на „Беверли Хилс“ позирале во костуми за капење:„Прекрасни сте и многу згодни!“

Џени Гарт, попозната како Кели Тејлор, Габриела Картерес, односно Андреа Зукерман и Тори Спелинг која ја глумела Дона Мартин, уживале во Ванкувер…
Во лежерно издание и без шминка, глумиците се дружеле со шише вино и фина вечера, а фотографија на својот Инстаграм профил објавила Тори Спелинг.
„Семејна вечера“, како што напишала Тори Спелинг предизвикало бројни реакции. Фановите ги опсипувале со комплименти дека и понатаму одлично изгледаат.


Дамите се одлучиле за класични костуми со кои навистина нема грешка, а моделите се по малку ретро, што е веќе со сезони голем хит.Точки или едноставно во црно, секогаш добро ќе мине, а изгледа дека и тие го знаат тоа. Гаќичките со висок струк одлично ќе им стојат на жени кои го имаат обликот на телото кој се нарекува „круша“, а едноделните костуми се супер штом над нив ќе навлечете фармерки па имате аутфит за забава после плажа.

Минале скоро 20. години од прикажувањето на серијата, а ова лето екипата повторно се собрала и на каналот FOX повторно ќе се емитува омилената „Беверли Хилс“ – но епизоди снимани оваа година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …