(ФОТО) ХРАБРОСТ И ЉУБОВ: Татко „тепал“ ајкула за да ја спаси ќерката од нејзината челуст!

Бивш маринец ја спасил својата ќерка од смртоносен напад на ајкула така што пет пати со бокс ја удрил по главата…

17. годишната Пејџ Винтер, во неделата попладне, пливала на една плажа во Атлантик Бич, во Северна Каролина, кога била нападната од ајкула.
Нејзиниот татко Чарли, кој освен што е војник, работел и како пожарникар и болничар, бргу втрчал во водата и без двоумење се фрлил на ајкулата.
Со силни удари по главата успеал да го избрка животното и да ја спаси својата ќерка. Девојката била однесена во болница и набргу и биле направени неколку операции, но за жал ногата морала да и биде ампутирана, јавил ББЦ.
Нејзината баба Џенет соопштила дека нејзиниот син пет пати ја удрил ајкулата по глава, пред животното да ја ослободи несреќната Пејџ.



Девојката која е посветена на заштита на океанот и морскиот свет, сега е во стабилан состојба. Таа од болница порачала дека се надева дека луѓето ќе продолжат да ги почитуваат ајкулите и нивните станишта, пренесува Нењс Хуб.
Баба и на Пејџ на Фејсбук објавила:„Фала му на Бога што син ми беше со неа, тој ја удри ајкулата пет пати по лице и таа ја пушти Пејџ…“
Иако операцијата била успешна ногата морала да и бид еампутирана, а можно е и дека Пејџ ќе има потреба од трансплантација на рака како и уште неколку операции. Ве молам молете се со нас, додала бабата.
Нејзиниот татко Чарли отворил страна на GoFundMe со цел да собере средства за потполно опоравување на неговата ќерка.
Сведоци на случката тврдат дека Пејџ врискала од болки кога татко и ја извадил од водата…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нов “дијамант” на македонската кошарка

На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига …