(ВИДЕО) Отишле на одмор од соништата и никогаш не се вратиле: Трагедијата отворила многу прашања за безбедно патување!

Помеѓу 22. и 25. мај ненадејно се разболеле и го повикале семејството за да им соопштат дека се во многу лоша здравствена состојба…
Потполно нејасна и мистериозна трагедија се случила на, инаку, мирниот остров Фиџи. Дејвид и Мишел Пол од Тексас, потполно здрави млади родители, отишле на летување од соништата, но од него никогаш не се вратиле.
Помеѓу 22. и 25. мај ненадејно се разболеле и го повикале семејството за да им соопштат дека се во многу лоша здравствена состојба, пренесува  Daily Mail.


„Знаеа дека нешто се случува и успеаа да одат во болница“, рекла Трејси Каланог, сестра на Дејвид, за WFAA.
Пол кој бил ветеран на американските воздухопловни сили во живот се одржал повеќе од сопругата Мишел, инаку професионална спортистка. Кога Мишел починала, лекарите долучиле Дејвид да го префрлат во Австралија, на дополнителни испитувања, но починал пред да успеат да го договорат преместувањето.
Државниот секретаријат на САД ја потврдило смртта на туристите и се вклучиле во истрагата која ја спроведувале локалните власти.
Семејството верува дека Дејвид и Мишел „собрале“ смртоносен вирус бидејќи владата на Фиџи издала предупредување поради опасна сезона на грип во регионот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …