Времето денес: Облачно со повремени врнежи од дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно, попладне најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во источните делови засилен јужен и југоисточен ветер.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 23 Целзиусов степен, Маврово 13, Охрид 19, Битола 21, Кавадарци 24, Крива Паланка 20, Берово 19, Дојран 25 степени.


И утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе се движат од 12 во Маврово, Скопје 20 и 22 степени во Дојран

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …