(ФОТО) Силвестер Сталоне на семејна вечера со ќерките и сопругата:„Устата си ја држам затворена и не правам бранови!“

„Фантастично е иако се е женско. Женски правила. Дури и кучињата, и тие се женки така што еден маж мора да се вклопи“, вели Сталоне.
Легендарниот холивудски актер Силвестер Сталоне (72), ѕвезда на филмовите “Rocky” и “Rambo”, веќе со децении наназад важи за вистинска икона, а пред неколку дена бил фотографиран по излегување од еден ресторан и сите започнале да ги коментираат неговите фотографии.


Имено, папараците го фотографирале популарниот Слај на Беверли Хилс, каде вечерал со својата сопруга, манекенката Џенифер Флавин (50) и со две ќерки, Софиа (22) и Систине (20). Со нив не била најмладата, Скарлет (16).Но, не било чудно тоа што Сталоне е на вечера со сопругата и ќерките туку неговиот изглед – видно ослабнат.


Некои би рекле дека е послаб од некогаш, но Сталоне не ја тргнувал насмевката од лицето што значи дека причината за губење на килограмите сигурно не е негативна. Она што воодушевува кога е во прашање славниот актер е пристојното и приземното однесување и нормалниот став кон папараците и новинарите, и наспроти фактот што тој веќе со децении е дел од светскиот шоу бизнис.



А, причина за намалување на килограмите не е ниту семејството бидејќи популарниот актер има свои цврсти ставови за својата животна средина.
„Основно е што устата си ја држам затворена и не правам бранови“, рекол Сталоне како е да се живее во домаќинство со четири жени.


„Но, фантастично е иако се е женско. Женски правила. Дури и кучињата, и тие се женки така што еден маж мора да се вклопи“, заклучил Сталоне.


Извор:People

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …