Колач од чоколадо за кој ви треба само еден сад

Преку викенд главно планираме,покрај добриот одмор и да ги направиме сите оние работи за кои во текот на неделата немаме време. А, една од нив е секако подготовка на нешто слатко.
НО, недостатокот на време најчесто не премислува околу подготовката на слатки па ви предлагаме колач кој се подготвува брзо и во само еден сад.
Состојки:
2 поголеми портокали
6 јајца
200 г мелени бадеми (или некои други јатки)
250 г шеќер
1,5 лажичка прашок за печиво
50 г темно какао
Прелив:
350 мл слатка павлака
200 г црно чоколадо
Подготовка:портокалите убаво измијте ги и заедно со кората полијте ги со 2 литри ладна вода и ставете да се варат. Варете ги половина час, потоа водата исфрлете ја и ставете нова и оставете да се варат уште половина час. Откако портокалите се сварени исечете ги на помалечки коцки и извадете ги семките. Кога малку се изладиле измиксирајте ги во пире со помош на блендер или стапен миксер. Потоа во еден сад измешајте ги сите суви состојки и додајте ги оние мокрите.Кога сите состојки ќе се поврзат додајте го пирето од портокали. Рерната вклучете ја на 180 степени и ставете го колачот кој сте го истуриле во тавче покриено со хартија за печење.
Додека колачот се пече направете го чоколадниот прелив. Слатката павлака загрејте ја до вриење и додајте го искршеното чоколадо,убаво измешајте.
Испечениот колач извадете го од тавата и полијте со глазурата, а после половина час поповршината украсете со чоколаден прелив. Потоа не ви преостанува ништо освен да почекате малку да се излади и „да навалите“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Од денеска, 20-ти мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски …