Шпрајц на РТЛ без „влакна на јазикот“: „Режијата ме предупредува дека читам понуди од 1945., но Хрватите ионака живеат во тоа време

Зоран Шпрајц, водител и уредник на најгледаната програма на РТЛ, одлучил на себе својствен начин да ги коментира понудите за нови воени авиони за хрватската војска.
Шпрајц ги чита понудите од разни страни, набројува и објаснува, а потоа поентира:
„Од режијата ме предупредуваат дека тоа се понуди кои пристигнале на натпреварот од 1945. година, но нема врска, ионака живееме во тоа време. Некакви Фантоми и Грипени од 500. милиони евра се за некои модерни држави, а не за земја каде сеуште расправаме кои биле усташите и швабите, за земја каде градоначалник си ја тепа жената, неговиот заменик тепа новинари и никому ништо, освен на народот кој како и во 45. бега пред Бајлбург и понатаму кон западните сојузници“ заклучил Шпрајц, уредник на водител на РТЛ Директ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …