Иако неполн месец ја дели од 61. роденден, Шерон Стоун не се срами да го покаже своето тело. На хуманитарната забава која ја организирал Стивен Тајлер, пејачот на Aerosmith, Шерон се појавила во долг мрежест фустан под кој облекла црно боди.
Иако фустанот ја прекривал од глава до пети, убавата глумица сепак успеала да ги истакне долгите нозе и деколтето. Сето тоа го надополнила со едноставна фризура и црвен кармин.
На забавата инаку биле собрани околу 2,8 милиони долари за фондот на Тајлер за помош на жените кои биле жртви на сексуално насилство.
На забавата покрај Шерон се појавија и бројни други славни личности како Леонардо Ди Каприо, Алис Купер, Кејтлин Џенер, Џејн Линч…